АЛАТИ
- HM WERKZEUGE Austria
Herbert Müllner Werkzeuggroßhandel е една од водечките компании за рачен алат во Австрија и Германија во целосна сопственост на семејството Müllner.Основана е во 1971 година од страна на Г-дин Herbert Müllner сениор, a од 1991 година неговиот син Herbert Müllner успешно претседава и ја води компанијата. Herbert Müllner Werkzeuggroßandel е добро позната по широката палета на висококвалитетен рачен алат кој се одликува со голема издржливост и трајност, за што сведочат и голем број задоволни компании во Република Македонија.
Повеќе информации на: http://www.hmmuellner.com
Преземи каталог:
- KING TONY Taiwan
Во 1976 година во Тајван, г-дин Lai и г-дин Lin основаа специјализирана фабрика за изработка рачен алат. Подоцна започнуваат со производство на професионален рачен алат, дизајниран да се носи со најдобрите. Алатот KING TONY не само што ги исполнува стандардите DIN и ANSI, туку и ги надминува. Секој клуч е произведен според стандард којшто е за 30% повисок од DIN, а секој пневматски ударен алат е изработен според стандард што е за 50% повисок од DIN. Затоа KING TONY е познат како „бренд на кој доживотно му верувате“.
Повеќе информации на: http://www.kingtony.com
Преземи каталог:
- SIBILLE FAMECA France
Целта на Sibille Fameca Electric (SFE) е да обезбеди електричарска мрежа со француска технологија којашто е комплетно фокусирана на безбедноста на луѓето што ги одржуваат електричните структури со низок, среден и висок напон. Sibille Fameca Electric има педесетгодишно искуство во производството и обезбедувањето материјали за електричари. Приоритет на компанијата е задоволството на нејзините клиенти, а тоа се постигнува со развивање партнерства со некои од клиентите на компанијата низ целиот свет.
Повеќе информации на: http://www.sf-electric.com
Преземи каталог: