нАШ ПАРТНЕР
Geobrugg
Геобруг е компанија која проектира и произведува заштитни мрежи за косини уште од 1951 год. Мрежите се од челична жица и се со висока јаскост на затегнување каде што служат за заштита од природни опасности како што се одрони од камења, слегање на земјиштето, лавини или ерозија на косините. Тие обезбедуваат безбедност во рударството, тунелите, патеките за моторни спортови, во индустријата и во капацитетите за тестирање. Со нивното искуство и континуирана обука и блиска соработка со истражувачките институти, ги поттикнуваат иновациите и индустриските стандарди.
Повеќе од 400 специјалисти работат за Geobrugg ширум светот. Производните капацитети на сите континенти, како и присуството во над 50 земји се да бидат блиску до клиентите и да имаат брза имплементација на проектите. Geobrugg, е со седиште во Романшорн, Швајцарија која е независна компанија во рамките на BRUGG GROUP.